Контакт со (МПО)Македонска Патриотска Организација од САД КИРЕ АБДУЛ КОСТА
ТНМРО (Тајна Народна Македонска Револуционерна Организација) од Западна Австралија и МПО од Индианополис САД, одржаа таен состанок во Перт, 1987 година. Ние тоа претходно го одлучивме на еден состанок за кој го задолживме Сонце да организира средба со Ѓеорги Лебамов (братот на Иван Лебамов, претседател на МПО). Се разбира дека ние од претходно знаевме за постоењето на МПО во Америка и за нивниот весник “Македонска Трибуна”, но немавме никакви информации за нив. Само, знаевме дека МПО е пробугарска организација.
Во просториите за состаноци на хотелот “Морисон” во близината на Стрлинг, јас, Лав и Знаме го чекавме гостинот Ѓеорги Лебамов. Знаме го беше вклучил касетофонот за сниманје, поради што кај него и кај Лав се чувствуваше извесна трема. Впрочем ние сметавме дека Георге Лебамов е претставник на една анти-македонска опција. Некаде околу 9 часот дојде гостинот и се запознавме со него (тој претходно се познаваше со Сонце). Разменивме пригодни зборови за добредојде и добро здравје. Јас му го кажав нашето мисленје за МПО и условите за натамошна соработка. Потоа го замолив Ѓеорги да ни го каже своето мисленје, за можностите МПО да го променат курсот и за соработка со нас. Пред да одговори Ѓеогри ме праша дали може и тој да го снима разговорот на касетофон. Откако му одговорив потврдно, тој го вклучи малиот касетофон и состанокот започна. Потоа пак почнав да зборувам јас при што направив осврт на историјата на македонскот народ. Зборувајќи за Илинденското востание и за Втората светска војна, јас остро ги нападнав врховистите и Ванчо Михајлов како слуги на туѓите пропаганди во Македонија.Сите ние од СРМакедонија така бевме воспитувани за Ванчо. Во моето излаганје можеби малку и претерав со форсирањето на заслугите на левицата во Македонското движење, за што дури подоцна видов дека не е сосема така. Слушајќи ме трпеливо г-дин Лебамов согледа дека стоиме на дијаметрално спротивни страни. Впрочем, јасно се виде дека и навистина МПО е под влијание на бугарската пропаганда. Посебно тоа се однесуваше за челниците на МПО кои одржуваа постојани врски со комунистичка Бугарија, иако сите тие беа Македонци за капитализмот. На состанокот јас побарав МПО, преку својот весник “Македонска трибуна” да се извини на Македоницте за својата досегашна политика и да застане врз македонска национална основа. Од искажувањето на Лебамов дознавме дека македонските демонстрации во Австралија пред грчката и пред бугарската амбасада во Канбера, како да ги разбудиле и Македонците во САД и Канада. Овие демонстарции на широко биле разгледувани и во МПО. Посебно со внимание биле проследени македонските симболи што се појавија на тие демонстрации, а пред се македонското шеснаесетзрачно сонце. Мнозина членови на МПО посакале и МПО да се придружи на овие демонстрации, а лидерот на МПО Иван Лебамов рекол дека ако тие самите направат анкета на своето членство, тогаш 70 - 80% кје се нарекле себеси Македонци, а не Бугари. Оттаму јас заклучив дека од овие Македонци ние не смееме да се откажуваме, туку дека треба да им помогнеме што побргу да си ги соознаат своите македонски корени и да престанат да и служат на туѓата бугарска пропаганда. Но, и бугарското влијание беше силно, па веќе во ноември 1987 во “Македонска трибуна” се појави нова статија со анти-македонска и пробугарска содржина од авторот Heinrich A. Stammler. Како одговор на оваа статија до списанието “Глас на Македонците” се појави статија во која професорот Стаммлер беше обвинет дека само препишувал неточни податоци од книгата “Кратка историја на Бугарија”. Во таа статија беше укажно и дека професорот во својата статија (претходен реферат на 66-та конвенција на МПО) навел дури 22 неточни историски податоци во врска со античка Македонија, т.е. во врска со времето кога аспаруховите бугарски орди не биле ни дојдени од Азија на Балканот. Ова беше извонреден материјал, полн со факти и стручни изрази, очиглено напишан од добар познавач на оваа проблематика. Тој беше потпишан од "Society for Oneness and Salvation of the Macedonian Organizations (The Sosmo Foundation). Но овој материјал имаше и свои слабости, кои се однесуваа на величењето на левицата и оцрнувањето на целокупната десница во Македонското движење.
Но, да се вратам на Ѓеоги Лебамов.Тој беше корпулентен човек на околу шеесетина години. Зборуваше македонски но со големо влијание на англискиот јазик, како и сите Македонци кои неколку децении живееја во Америка. Тој ни вети дека ќе го запознае својот брат со нашите ставови . Потоа ни зборуваше за нивното залаганје за обединета Македонија. Ни кажа дека Ванчо Михајлов за време на Втората светска војна им рекол на Германците дека ќе ја загубат војната затоа што не дозволиле формирање на независна Македонија. Ѓеорги се интересираше за собирот на децата-бегалци што требаше да се одржи во 1988 година, а Сонце (кој беше член на Одборот на децата-бегалци од Перт) детално го извести околу подготовките. Тогаш тој рече дека МПО планирале организирање на голема демонстрација пред зградата на ООН во Нјујорк со цел да се сврти интересот на Американците кон Македонското прашанје.
Што се однесува до мојот осврт кон историјата на Македонија, тој кажа дека тие во МПО имале книги кои главно се занимавале со периодот на Ванчо Михајлов. Тој почна да ги велича Михајлов и Александров и кажа дека Тодор Александров го убиле комунистите.Тој кажа дека наводно Русите му поставиле ултиматум на Александров да ја признае Октомвриската револуција, а во замена за тоа тие да му помагаат за Македонија. Тој кажа дека во Канада нашиот народ одел во православни цркви во кои служеле стари руски попови, а кога тие ќе умреле, ќе биле заменети со бугарски, но и со руски.
И покрај очигледните различни мислења, состанокот заврши во пријателска атмосфера.Се разделивме пријателски и тој си замина. По извесно време добивме писмо од него (адресирано до Сонце, на 9 мај, 1987), во кое Лебамов мегју другото, пишува:
"Мојот брат Иван го преслуша разговорот на Крсто и на неговите пријатели на касетата во врска со Македонското прашање. Мислам дека го убедив дека премногу Бугари има во “Македонска трибуна”. Некои членови од Централниот комитет предлагаат да ги избркаме Бугарите. На 25 април ќе одржиме состанок на Централниот комитет во Детроит и ова ќе биде главна тема.Исто така кје дискутираме и за Македонското прашање во врска со Букурешкиот договор од 1913 година. Кажи му на Крсто дека Иван ја слушаше лентата три или четири пати и дека набргу ќе му одговори. Се надевам дека ќе воспоставиме поблиски врски помегју Австралија и Америка. Можеби малку по малку ќе ја завршиме оваа работа. Кажи му на Крсто дека тоа што го правам и ќе го правам ќе биде лично од мене како индивидуа. Ве молам да не ме обвинувате ако не успеам во оваа работа.
Коментари
Публикуване на коментар